Ајде да го издизајнираме новиот македонски Swatch во седум осмини!
Време е заедно да испишеме уште една заедничка Swatch приказна – Локална, автентична наша, раскажана за глобален бренд.
Темата за следниот Swatch е дефинирана, сакаме да зборуваме во седум-осмински такт.
Инспирирај се со најспецифичниот македонски код и покажи го звукот на Македонија на светот.
Излези надвор од петтолинието, земи ја палетата со бои и исцртај го следниот македонски Swatch.

Конкурсот е отворен до 15ти септември, а најдобриот дизајн ќе биде избран од страна на стручна комисија.

Сите дизајни мора да бидат оргинални авторски дела.

Секој учесник во конкурсот може да учествува само со еден свој дизајн.

Избраниот дизајн ќе добие симболична награда од 1000 евра, како и три примероци од часовникот и се разбира можност истиот да биде промовиран глобално во Swatch групацијата.
Со нетрпение го очекуваме твојот предлог дизајн.

Твоето предлог решение прати го во векторски облик ( pdf документ)  или растерски (tiff документ) со резолуција од 300 dpi на fondacija@bozinovski.com.mk
Превземи го документот со димензии на часовникот и останати информации во врска со начинот на печатење.
SCROLL UP