СВОЧ НА КИРИЛИЦА… Swatch na Kirilica
СВОЧ НА КИРИЛИЦА… Swatch na Kirilica
СВОЧ НА КИРИЛИЦА… Swatch na Kirilica

ВИ ГО ПРЕТСТАВУВАМЕ

СВОЧ НА КИРИЛИЦА…

Проект кој има за цел да ја обедини креативноста во Македонија и заедно со уметниците, илустраторите и дизајнерите, да ја креира првата Swatch колекција на часовници дизајнирани од македонски автори.

***

“Македонски Своч е идеја која произлезе од 30 годишениот јубилеј од независноста на Македонија вкрстен со новите технолошки можности развиени во процесот на производство на часовниците Swatch.

Поведени од силно чувство на патриотизам и гордоста од успешноста на 22 годишната соработката на Божиновски часовници и накит со гигантот во часовничарската индустрија- Swatch, се охрабривме да посакаме, да отсонуваме една толку извонредно храбра идеја, идеја која ќе ги спои нашите креативци и швајцарската прецизна механика.

Идејата не е нова, Своч отсекогаш ги спојувал светски познатите креативци при дизајнирање на специјални едиции, но никогаш досега никој не се охрабрил да создаде национална платформа каде на долги патеки ќе охрабрува, поттикнува и афирмира млади креативци во локални рамки.

Дениција е првиот часовник од специјалната едиција „Своч на Кирилица“, која Божиновски ја реализира по повод триесетгодишнината од независноста. Сите часовници кои ќе бидат издадени ќе имаат колекционерска вредност и ќе бидат достапни во ограничена симболична количина од 30 парчиња. Продажбата ќе се одвива преку аукција на 16.декември 2021, а собраните средства од наддавањето ќе се употребат за формирање на фондација која ќе стипендира млади креативци од Македонија.

Зошто Дениција?

Пред се бидејќи тоа име асоцира на Изгрејсонце кое е длабоко тетовирано во душата на секој Македонец и е поврзано со надежта за еден нов, поинаков светол ден,

На ѕвездата водилка – Деница која секогаш ни го покажува вистинскиот правец,

И секако на Петре М. Андреевски со својата стихозбирка во која зборува за својата најголема љубов, љубов за која вреди да се умре.

На мистичноста на неговата љубов, бидејќи никој не може да каже дали е тоа љубов кон жена или татковина”.

Сакате да знаете како новите закони во Македонија ги заштитуваат правата на децата? Погледнете ги нашите материјали за да добиете целосна слика за правните новости и нивното значење за децата и нивните семејства.

„Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот….“

„…. Кога ја љубев Дениција,
како да учествував во создавањето
на првата Македонска Држава.“

Петре М.Андреевски

 

 

                                                                                                             Игор Божиновски

КАКО ДА УЧЕСТВУВАШ СО СВОЈ ДИЗАЈН НА ЧАСОВНИК?
Едноставно, доколку сте уметник, дизајнер или илустратор, испратете ни
писмо за интерес на маилот [email protected], со што кога ќе се случи следниот повик ќе добиете известување на електронската пошта за учество и насоки за изработка на следниот македонски Swatch. Селектираните кандидати ќе добијат симболична награда и се разбира часовник со нивиот дизајн, но и промоција на нивното портфолио пред нашите ВИП клиенти и целата македонска јавност.
САКАМ ДА УЧЕСТВУВАМ
ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ SWATCH?
Честа да го изработи првиот Swatch на кирилица ја доби познатиот
македонски графички дизајнер и сликар Зоран Кардула. Инспириран од
неговата позната едиција „Жени“ креираше уникатен дизајн преку кој на
часовникот симболично ја отслика убавината и пркоста на нашата земја.
ГАЛЕРИЈА НА ЧАСОВНИЦИ
КАКО ДА СТАНЕТЕ СОПСТВЕНИК НА ПАРЧЕ ИСТОРИЈА?
Часовниците од колекцијата Swatch на кирилица се достапни во симболична
количина од 30 парчиња и истите ќе се продават на 16ти декември во нашиот бутик на ул. Македонија и тоа на аукциска продажба. За учество на аукцијата ќе добијат покана сите наши лојални клиенти а на самата аукција ќе можат да присуствуваат само оние кои предходно ќе уплатат одредена сума.
Доколку сакате да станете горд сопственик на оваа автентична и уникатна колекција на Swatch часовници и на тој начин да дадете поддршка на македонската креативна сцена, ќе ни биде задоволство да ве вклучиме во нашата лојална програма.
САКАМ ДА СУМ КОЛЕКЦИОНЕР
SCROLL UP